Прекуморската територија на Франција, Нова Каледонија, ќе стане „нова држава“ во рамките на републиката, изјави францускиот претседател Емануел Макрон.
„По повеќе од десет дена преговори, избраните претставници на Нова Каледонија и државата постигнаа историски договор. Држава Нова Каледонија во рамките на Републиката – тоа е определба за доверба“, напиша претседателот Макрон на социјалната мрежа X.
Според порталот „Les Nouvelles Calédoniennes“, делегација од Нова Каледонија и претставници на француската влада потпишаа договор за институционална организација на прекуокеанската територија во Париз на 12 јули по десетдневни преговори. Спогодбата предвидува гаранција за „траен“ статус на територијата.
Меѓу клучните принципи утврдени во документот се: вклучување на Основниот закон во францускиот устав, создавање на каледонско државјанство, неразделно од француското државјанство, проширување на избирачкото тело, промена во составот на членовите на парламентот, пренесување на даночните овластувања и надлежности во областа на меѓународните односи на Нова Каледонија.