Францускиот претседател Емануел Макрон денеска, по самитот на ЕУ во Брисел, изјави дека политиката на „прогресивни санкции против Русија и замрзнување на ситуацијата не даваат резултати“.
– Санкциите не придонесоа Русија да го промени своето однесување и политика. Ова е момент на вистина за нашите односи со Русија и затоа ќе мора да ги преиспитаме нашите идни постапувања во спорни и затегнати напнати ситуации, рече Макрон, пренесува Си-Би-Ес Њуз.
Францускиот претседател посочи дека меѓународната заедница ќе мора да повлече „јасни црвени линии“ за она што го смета за „неприфатливо однесување на рускиот државен врв и претседателот Путин“, но само воведување санкции веќе не е доволно.
Во интервју за Си-Би-Ес Њуз, Макрон целосно ја поддржа намерата на американскиот претседател Џо Бајден да отвори дијалог со Русија и потсети дека тој е предводник на идејата за ресетирање на односите меѓу ЕУ и Русија.