Францускиот претседател Емануел Макрон обраќајќи и се на нацијата преку радиото и телевизијата повика на мобилизација на секого, кога се во игра многу нешта.
-Здравствената криза низ која поминуваме, оваа епидемија на Ковид-19, трае веќе повеќе од една година. Година на тага, тешкотии, кажа претседателот на почеоткот од, своеот ново обраќање до нацијата.
„Од скоро 100.000 семејства се обвиени во тага. Една година напори за сите, маки, жртви. Година во која заедно се спротивставивме и научивме, и издржавме. Јас ви реков дека ќе живееме со вирусот и тоа се случува. Ние ќе издржиме уште, ќе се обидеме да направиме преглед на епидемијата, следните чекори. Ако останеме обединети, ако знаеме како да се организираме во текот на следните неколку недели, тогаш ќе го видиме крајот на тунелот“, додаде францускиот претседател.
Тој потсети на различните методи за спречување на епидемијата во измината година, потсети дека последниве недели земјата е во трка со епидемијата, вакцинацијата и новите варијанти на вирусот. „Британската варијанта е поопасна и посмртоносна од вирусот од минатата пролет и есен“.
Преземените мерки со ограничувања во 19-те департмани, покажуваат резултати, но тие не се доволни, затоа тие мерки ќе бидат проширени на целата територија во период од четири седмици од сабота навечер.
-Тоа значи полициски час од 19 до 6 часот, работа од дистанца, затворање на несуштинските продавници. Тие кои сакаат да се изолираат во друг регион, ќе можат да го направат викендов, како и враќањето од странство. Потврдите ќе бидат потребни само за оние кои одат подалеку од десет километри од својот дом, рече тој.
Макрон потсети на обврската кон младите, нагласувајќи дека земјата е една од ретките кои ги остави училиштата отворени за време на епидемијата. Сепак се наметнуваат нови здравствени мерки.
-Кога станува збор за училиштата, ние мора да бидеме свесни за нашите должности кон нашата младина. Можеме да си честитаме што ги држевме нашите училишта отворени од септември 2020 година. Ние сме една од ретките земји што го направивме овој избор кога сме многу погодени од епидемијата. Ние го сторивме тоа со совест, бидејќи образованието е борба на векот. Да, вирусот циркулира во училиштата, но не повеќе од друго место. Но, за училиштето не може да се преговара. Ние мора да ги преземеме нашите одговорности. Ние ќе ги затвориме градинките, основните и средни училишта за три недели, поради што училишниот календар ќе биде прилагоден за да не ги оставаме нашите деца сами и без учење “.
Од 5 април, учениците ќе имаат една недела часови преку интернет. Следните две недели, од 12 април, цела Франција ќе биде ставена на пролетен распуст. Почетокот на учебната година ќе биде за сите на 26 април. Физички за градинките и основните училишта до петто одделение. Далечински од шесто до деветто и во средните училишта. На 3 мај, овие ученици ќе можат да се вратат на часовите со прилагодени мерачи , објасни Емануел Макрон.
Студентите, од своја страна, можат да продолжат да одат на универзитет за еден ден часови неделно.
Повикувајќи на одговорно однесување за време на Велигденскиот викенд, Макрон потсети дека вакцинацијата и одговорното однесување се оружјето за борбата против епидемијата. Сите жители на Франција над 18 години ќе можат да се вакцинираат до крајот на летото.
За постепеното отворање на културните и другите институции и манифестации, тераси на рестораните календарот ќе биде познат во средината на мај.