Францускиот претседател Емануел Макрон денеска изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски е „легитимен“ претседател на Украина. Макрон, одговарајќи на прашања преку социјалните мрежи, рече дека Зеленски, за разлика од рускиот претседател Владимир Путин, ја презеде функцијата по слободен изборен процес, пренесе Ројтерс.

Тој ја коментираше изјавата на американскиот претседател Доналд Трамп, кој го нарече Зеленски „диктатор без избори“. Петгодишниот мандат на Зеленски требаше да заврши во 2024 година, но тој изјави дека не може да се одржат избори за време на вонредната состојба што Киев ја воведе во февруари 2022 година, по целосната инвазија на Русија на Украина, пренесува Танјуг.