Со ист број бодови, Макс Верстапен и Луис Хамилтон викендов ќе се борат за историја во Формула 1.
Британецот со победа ќе стане најтрофеен во историјата, додека Холанѓанецот со победата има шанса да дојде до својата прва титула.
На патеката „Јас Марина“ во Абу Даби, денеска од 14 часот ќе се возат квалификациите за трката на Големата Награда на Абу Даби.Трката утре ќе се вози во истиот термин.
Минатата година Макс Верстапен ја доби последната трка, годинава, израмнети со ист број бодови Холанѓанецот и Британецот ќе се борат за титулата.