Новинарот Илија Максимовски во неговата објава на Фејсбук тврди дека и во случајот „Монструм“ функционирал рекет како и во истоимената афера Рекет.
– Сигурни извори потврдуваат дека и во случајот на СЈО „Монструм“ досега е исплатен рекет од стотици илјади евра а вредностите кои се преплетуваат во предметот сеуште се „ државна тајна „ за која ќе треба да проговори Зоран Заев со кого комуницирале поголемиот број од инволвираните во злосторството и судењето!? Неколку стотици илјади евра се исплатени и циркулираат меѓу сите лица, адвокати, сведоци,вештаци, државни институции и воопшто инволвирани во случувањето, истрагата и судењето на монструозното убиство, пишува Максимовски, поранешен новинар во МРТ и други редакции.
Тој натаму во објавата пишува:
– Иако највисоко ниво во случајот беше кампањата на СДСМ и Зоран Заев и по неговата „победа„ и формирање влада , од него ниту јавноста ниту судските органи не добија никаков конкретен доказ или материјал кој ќе го приближи Судот до вистината кој го извршил убиството и за што се работи, или поточно, дали обвинетите се виновни или не?! Во масовните демонстрации по повод „Монструм“ и пресудата за доживотен затвор на сите обвинети, која Врховниот суд ја поништи поради што осудените беа ослободени а сега судската постапка се повторува, еден од родителите на осудените јавно изјави дека доколку неговиот син е убиец тој „целото негово семејство кое брои над десетина членови ќе го предаде на доживотна казна“!- пишува Максимовски.
Во опширниот текст на новинарот Максимовски натаму пишува:
– Во деновите на организираните протести и на семејството Азири од кое се најголемиот број обвинети и беа осудени казна доживотен затвор им било „предложено и биле информирани дека „може да се случи неколку глави да паднат“, се претпоставува во евентуално политичко сценарио за поголем притисок врз државните и судски органи! Преставници на семејството Азири кои беа и организатори на протестот таквиот предлог веднаш и јасно го одбиле со објаснување дека тие „бараат правда и дека не им треба слобода на затворените членови од нивното семејство по цена на уште загинати луѓе и пролеана крв“, а ако се докаже дека се виновни казната ќе ја прифатат во целост.
Случајно или не меѓу учесниците на протестите се појавија и лица кои никој не ги познавал, а не зборувале албански? Овде се отвора и прашањето за исплатата на парите во „Монструм“ во кој еден од обвинетите нема пари да си го плати бранителот па Судот му определи службен бранител, додава Максимовски.
Тој во продолжение на текстот се осврнува и на притворот на шефицата на СЈО:
– Притворената шефица на СЈО, Катица Јанева покрај за другите предмети, според неофицијални информации од извори блиски на СЈО, била целосно надлежна и за „Монструм“, иако предметот го води Фатиме Фетаи!? Дали досега исплатените и предадени неколку стотина илјади евра на неколку адреси се единствените кои се поврзани со убиството, без разлика колку е основано обвинението за тероризам кое еднаш веќе „падна“ пред Врховниот суд, останува отворено прашање? Дали Зоран Заев ќе се поврзува и со овој случај како и оној со протекувањето на пари од Орце Камчев преку Бојан Јовановски и другите осомничени и притворени во случајот „Рекет“ најсериозно ќе одговори самиот Заев, кој сега од позиција на Претседател на Владата ќе мора да се појави пред Кривичниот суд, како што најави специјалната обвинителка Фатиме Фетаи, завршува Максимовски.