КОМИЧНА, СРАМНА И ОДЛУКА ПО КОЈА МОРА ДА ИМА ОДГОВОРНОСТ!
СУДИСКА ЛАКРДИЈА ВО ГОСТИВАР!
Ова е објавата на МакСпорт на нивниот ФБ профил.
Понатаму, во објавата пишува:
Тоа што се случи/случува на дуелот помеѓу Гостивар и Вардар ако мора со еден збор да се опише е вистинска КОМЕДИЈА.
Имено, Вардар имаше чиста шанса за постигнување на гол, а помошникот сигнализираше ОФСАЈД, иако фудбалер на Гостивар се наоѓаше ВО СОПСТВЕНИОТ ШЕСНАЕСЕТНИК. Дали помошникот и главниот судија Влатко Илиоски познаваат нови правила на фудбалот, кој ние не ги познаваме?
А пред да се донесе оваа одлука која е ДИРЕКТНО НА ШТЕТА НА ВАРДАР, Илиоски најпрвин им поништи гол во петтата минута, за потоа да досуди СМЕШЕН ПЕНАЛ на Гостивар.