Мало прелиминарно лабораториско истражување покажа дека нивото на неутрализирачки антитела кај луѓето инфицирани со варијанта на коронавирус омикрон, вакцинирани со руската вакцина Спутник В, не се намалило како кај оние кои примиле вакцина Фајзер.

Заедничката руско-италијанска студија, финансирана од Рускиот фонд за директни инвестиции, кој го продава Спутник В во странство, ги спореди крвните серуми на луѓе кои примиле различни вакцини. Прелиминарните истражувања го спроведоа научници од институтот Спаланцани во Италија и институтот Гамалеја во Москва, кој го разви Спутник В.

Истражувачите велат дека примероците земени три до шест месеци по примањето на втората доза од вакцината покажале дека нивоата на антитела кај луѓето кои примиле две дози Спутник В биле поотпорни на омикрон отколку оние кои биле вакцинирани со вакцината Фајзер. Студијата опфатила 51 лице вакцинирани со Спутник В и 17 луѓе кои примиле две дози од вакцината Фајзер.

Студијата, која сè уште треба да се рецензира, покажа дека неутрализирачките антитела на омикрон биле откриени во крвниот серум на 74,2 отсто од испитаниците вакцинирани со Спутник В и 56,9 отсто од оние кои биле вакцинирани со вакцини развиени од Фајзер.