На 28.05.2025 во 19 часот на патот Битола-Демир Хисар полициски службеници од ОВР Демир Хисар го лишиле од слобода В.Р. (49) од с.Обедник, демирхисарско.

-При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” со демирхисарски регистарски ознаки, кое го управувал В.Р. и по преземени мерки констатирано е дека бил под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,43 промили алкохол во крвта, информира МВР.

В.Р. е исклучен од сообраќај, а по целосно документирање на настанот, против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од КЗ.