Третиот ден од службената посета на Јужна Африка, принцот Хари и Меган Маркл, својот петмесечен син Арчи го одведоа кај надбискупот Тату.

Ова е првата кралска обврска на малиот Арчи, кого мајката цело време го држеше во раце, а таткото се обидуваше да го занимава.

Меган изгледаше елегантно во „Клуб Монако“ фустан и црни салонки, а Хари ѝ одговараше на својата сопруга со бојата на костимот.

Малиот Арчи е навистина пресладок, а со својата појава ги насмеа и развесели сите.