Десетгодишно дете, ученик во 4-то одделение во српскиот град Алексинац ја зел од дома заштедата на родителите и ја делел на соучениците, секому од 50 до 100 евра.
Неофицијално, како што објави српскиот портал Нова, стазнува збор за сума од 3.000 евра, која потоа му била вратена на семејството, откако родителите на децата забележале дека тие се полни со пари кои што ги немаат добиено од нив.
Дека има вистина во овие наводи индиректно потврдило и раководството на училиштето, наведувајќи дека се работи за „приватна ситуација меѓу родителите која била надмината со добра соработка“.
Според зборовите на еден родител чие дете ја посетува оваа образовна установа, детето во училиштето донело 3.000 евра семејна заштеда и одлучило да ја сподели со другарите.
– Им делел пари на соучениците, секој добивал од 50 до 100 евра. Ги водел децата на пица и колачиња. За ова се дознало дури кога родителите нашле пари во џебовите на децата. Децата ја криеја вистината од родителите додека не се вклучи директорот на училиштето. По родителската средба сите пари се вратени на семејството на детето, вели овој жител на Алексинац.
Целиот текст може да го отворите и прочитате ТУКА.