Околу 16.10 часот во СВР Скопје било пријавено дека во автобус на ЈСП, на улицата „Христијан Тодоровски Карпош“, 15-годишник од селото Кучевиште, скопско, физички бил нападнат.
Полицијата информира дека малолетникот бил нападнат од повеќе непознати лица.
Се преземаат мерки за пронаоѓање на сторителите и за расчистување на случајот.