Д-р Роберт Малоун, имунолог, вирусолог, вакцинолог, еден од најголемите светски експерти во оваа област, изумител на МНРА технологијата која сега се применува и кај некои вакцини против корона вирусот (надежта е дека со таа технологија ќе се добие вакцина против ракот, впрочем, Русија веќе разви мНРА вакцина против меланом и крупноклеточен рак на белите дробови), во интервју кај Џо Роган зборува з апрвите денови на Ковид.
Џо Роган:
Се обидувавме да сфатиме колку време помина од твоето последно гостување. Има некаде околу пет години. Твоето претходно гостување во шоуто направи големи проблеми.
Роберт Малоун:
Да. Не очекував пак да ме поканиш. Мислев дека Спотифај ќе ти речат: „Нема шанси“.
Џо Роган:
Во право беше. Испадна дека сите твои предупредувања за Ковид и работите што ги зборуваше за проблемите се покажаа како вистинити.
Роберт Малоун:
Благодарам. Знам дека тоа го кажа и во неколку емисии. Секој пат кога ќе го кажеш, некој ми праќа клип и ми вели: „Роган рече дека си бил во право“.
Џо Роган:
Како беше сето тоа за тебе? Прво, нели, се обидуваа да те етикетираат како шарлатан и чудак, кој не знае за што зборува. Мислам дека тоа не успеа кај сите. Успеа кај луѓето што не обрнуваа внимание, но секој што навистина го провери твоето минато рече: „Не, овој човек е многу кредибилен“. Зарем немаш девет патенти за mRNA технологијата за вакцини?
Роберт Малоун:
Да, за mRNA. Вкупно мислам дека се околу петнаесет.
Џо Роган:
Да. А ти ја прими вакцината и имаше ужасна несакана реакција, серија од нив.
Роберт Малоун:
Да. Да. Тоа беше многу рано. Ја примив вакцината на Модерна. Ми беше срам од овие искуства. Ми беше срам и кога се заразив со КОВИД на почетокот на 2020.
Гледајќи наназад, имаше толку многу страв, толку многу гнев и вознемиреност и сѐ беше испреплетено околу ова. Гледајќи наназад, беше промовирано, но беше и многу органски. Кога размислувам, искрено, тоа беше страшно време.
И да, ги имав тие искуства. Мојата докторка, која беше кардиолог, рече: „Зошто беше толку глупав да го примиш ова?“
Џо Роган:
Твојот доктор го кажа тоа? Во 2021?
Роберт Малоун:
Да. 2020 или 2021. Одев кај кардиолог кој ја напушти традиционалната медицинска пракса на Универзитетот на Вирџинија и придружните болници. Одев кај неа за хормонска терапија и биоидентична хормонска терапија. Таа следеше многу работи. И да, тој беше нејзиниот одговор: „Зошто го направи ова?“
Се разбира, оттогаш илјадници пати го добивам тоа прашање. Знаеш, „Зошто беше толку глупав? Ти беше тој што требаше да знае.“ Па сѐ уште морам да одговарам на тоа. Исцрпувачки е.
Џо Роган:
Но каква беше твојата перспектива за вакцината пред да ја примиш?
Роберт Малоун:
Да бидам искрен, бев вчудоневиден. Бев вчудоневиден кога ми рекоа дека проблемите на кои наидував додека работев на вакцината – се решени. Не гледав како тоа би можело да биде, но знаев дека се вложени огромни суми пари, па беше можно.
Џо Роган:
Кои беа проблемите?
Роберт Малоун:
Главниот проблем беше во воспалението. Исто така, содржината на вакцината не остануваше локално, на местото каде беше инјектирана. Во мајмуни што ги тестиравме, беше неверојатно инфламаторно. Не даваше долги, продолжени нивоа на резултат.
За мене, како постдипломец, беше неверојатно страшно бидејќи се работеше за реактанти во вредност од неколку илјади долари во една мала епрувета. Кон крајот на 80-тите, тоа беа вистински пари. И не секогаш функционираше. Така што, се беше малку на среќа.
Потоа, како што почнав да работам со животински модели и различни формулации, можев да дојдам до разни соединенија и формулации што прилично добро функционираа во клеточна култура, но не толку добро кај животните. Поминав многу време обидувајќи се да го оптимизирам тоа.
Она со што завршив беше сознанието дека тоа навистина предизвикува многу воспаление – инфилтрација на бели крвни клетки, навистина агресивна инфилтрација на бели крвни клетки – во моите испитувања, и кај глувци и кај мајмуни. Го напуштив сето тоа како нешто корисно во истражувањето, особено во клеточна култура, но едноставно не гледав дека ќе созрее како ефикасна стратегија за доставување вакцина со низок ризик, со прифатлив ризик – кај животните.
Тоа стана и искуство во компанијата во која прво се приклучив, каде што беа поднесени многу од оригиналните патенти. Тие ја напуштија РНК зашто не можеа да ја произведат. Тие во голема мера се свртеа кон чудното откритие што го имавме – дека РНК самата или ДНК самата беше всушност поефикасна во животински модели, на пример кај глувци, отколку користењето позитивно наелектризирани масти.
Сега ги нарекуваат липидни наночестички (тоа се честитчките што се користат како носачи на мНРА вакцината, н.з.). Тоа беа само позитивно наелектризирани масти од разни видови што се мешаат, што се врзуваат за ДНК или РНК и некако спонтано се составуваат.
Многу работа беше вложена во обиди да се подобри тоа. Направивме што можевме во 90-тите кога се обидов да ја унапредиме таа технологија и да развиеме нови липиди. Имавме неколку патенти за нив, но никогаш не можевме да го решиме доставувањето во жив организам.
Но оваа група на Универзитетот на Британска Колумбија работеше на сродна технологија на липозоми со години и години – дури и пред да знам нешто за тоа. Токму тие дојдоа до „волшебниот сос“ што во суштина го користат и производите на Модерна и на Фајзер. Тоа е материјалот на кој сите сме биле изложени – оние што сме го примиле во мНРА вакцините за Ковид.
Џо Роган:
Значи, кога првпат експериментираше, рече дека не можело да вакцината д аостане локално. Значи дека на местото на инјектирање требало да остане, а потоа твоето тело требало да произведе антитела поради инјекцијата?
Роберт Малоун:
Да.
Џо Роган:
Но оди низ целото тело?
Роберт Малоун:
Да.
Џо Роган:
Но тврдењето кога ја прими вакцината првично беше дека нема да го напушти местото на инјектирање.
Роберт Малоун:
Да. И јас се јавив кај моите колеги од Универзитетот на Британска Колумбија што ги знаев од порано, додека се борев со одлуката дали да ја примам вакцината– затоа што морав да патувам. Како што се сеќаваш, тогаш, не можеше да патуваш ако не си вакциниран.
Џо Роган:
Да. Не можеше да се качиш на авион.
Роберт Малоун:
Во Канада беше уште полошо. Не можеше да се качиш на воз. Па се јавив на Питер и разговарав со него. Тој рече дека го решиле проблемот со дистрибуцијата – дека кога ќе се инјектира, ќе остане локално, ќе отиде до одводните лимфни јазли, ќе биде многу поефикасно и дека повеќе ги немаат тие безбедносни проблеми. Тоа беше една од причините зошто решив да продолжам.
Џо Роган:
Дали праша како го решиле тој проблем?
Роберт Малоун:
Да. Прашав детално зашто знаев нешто за природата на формулациите. Се тврдеше дека вградувањето на полиетилен гликол – она што можеби го знаеш како антифриз – во светот на липозомите е познато како начин да се создадат „стелт липозоми“ што циркулираат во твоето тело долго време и избегнуваат инактивација од вонклеточни протеини и од црниот дроб.
Тој објасни дека експериментирале со различни структури на масни честички – хемиски структури – и дошле до некои што ги имаат овие својства да останат локализирани. Тие изградија формулации слични на она што јас го правев, со холестерол и други компоненти, и додадоа пократки молекули на полиетилен гликол прикачени со краток органски молекулар што му овозможува на ПЕГ-от да се одвои откако ќе влезе во телото.
Некои луѓе, како јас по втората доза, чувствуваат трпнење во прстите. Можеби тоа е ПЕГ-от.
Но, независно од тоа, тие ја лиценцираа технологијата на БионТек и Модерна.
Џо Роган:
Значи ова беше доволно да те убеди?
Роберт Малоун:
Да. Му поверував. Тој е исклучително искусен, експерт за формулација на липозоми, прилично високо позициониран. Тој тврдеше дека ги решил проблемите и јас му поверував. Требаше да патувам.
Исто така, во тоа време имаше наратив дека ако имаш „долг“ Ковид – дури и користењето на тој термин беше контроверзно – земањето на вакцината би можело да помогне да се исчистат тие симптоми што се влечат, со зајакнување на имунолошкиот одговор на шилестиот антиген (спајк протеинот, н.з.).
Сега имаме податоци што сугерираат дека спротивното може да биде вистина.
Џо Роган:
Значи ти доби „долг“ Ковид од инфекцијата пред вакцината?
Роберт Малоун:
Да. Се заразив на самиот крај на февруари 2020. Бев во Бостон на конференција за откривање лекови на МИТ, сместен спроти биотехнолошката компанија поврзана со почетното епидемиско ширење во Бостон. Се вратив дома мртов болен. Мислев дека е грип Б – тоа беше наративот во тоа време.
Се сеќавам како лежев во кревет, чувствувајќи се ужасно болен, тешко дишев. Жена ми ми кажа дека КОВИД циркулира во Бостон. Прилично ме удри силно.
Џо Роган:
Колку долго влијаеше „долгиот“ Ковид на тебе?
Роберт Малоун:
Бев болен се додека не ја примив вакцината. Ја изгубив белодробна функција. Не можев да ги вршам работите на фармата. Не можев да се качувам по ридови. Не се подобруваше.
Џо Роган:
Колку месеци беше тоа?
Роберт Малоун:
Многу месеци.
Џо Роган:
Дали се обиде со нешто друго да ги ублажи симптомите?
Роберт Малоун:
Да. Рано добив повик од поранешен контакт од ЦИА што ме предупреди за вирусот во Вухан. Собрав тим чија задача беше да најде лек за Ковид од постојните лекови и да ги пренамени за лечење на Ковид, бидејќи развивањето вакцина за време на епидемија историски трае десет години.
И така почнавме. Имав листа на соединенија кои можат да се употребат додека лежев таму болен. Лекарите не треба да експериментираат на себе, но си реков, што имам да изгубам?
Еден од лековите беше фамотидин (фамосан, н.з.), нормално се зема за стомачна киселина. Добив моментален одговор од тоа. Се обидов и со изокверцетин, но тој немаше голем ефект.
Фамотидин во повисоки дози (136 мг, за ковид, н.з.) оттогаш е потврден дека е корисен. Подоцна, ивермектин стана широко дискутиран.
Обезбедивме значително финансирање преку Министерството за одбрана за да спроведеме адаптивни клинички испитувања на комбинации на лиценцирани лекови – фамотидин, целекоксиб и ивермектин. ФДА постојано ги одбиваше нашите апликации, велејќи дека ни треба доказ за антивирусна активност во клеточна култура пред да продолжиме.
На крајот, Министерството за одбрана ја исфрли компонентата ивермектин и продолжи со фамотидин и целекоксиб, што покажа извесен ефект.




