Најголемото семејство во Велика Британија брои 24 члена – родители, 21 дете и со нетрпение ја чекаат приновата. Сју Радфорд (44) ќе го роди своето 22-то дете за два и пол месеци.
Гордата мајка напредокот го споделува на социјалните мрежи, па така сега 208.000 фанови споделија како изгледа трудничкото стомаче на 30-тата недела од бременоста.
„Толку сум горда, што во мојот стомак пораснаа 22 човечки суштества“, напиша Сју, и доби повеќе од 11.000 лајкови и бројни пораки за поддршка и охрабрување.
44-годишната мајка ќе роди девојче
„Ми се чини дека со секое ново бебе изгледаш поздраво. Очигледно си одличен родител “, коментира едно лице. „Неверојатни сте“, вели друг.
Со нејзиниот 48-годишен сопруг Ноел и со нејзините 21 дете, живее во дом со десет спални соби, а единствен извор на приход е платата на нивниот татко Ноел, кој работи како пекар и детскиот додаток од 170 фунти што го добиваат секоја недела.
На модерните родители им е сè потешко да се одлучат за едно дете, а нивното семејство брои 22 деца.