Македонската асоцијација на новинарите – МАН го повикува Јавното обвинителство по службена должност веднаш да преземе мерки против лицата што со име и презиме му се закануваат на новинарот и уредник во „Канал 5“, Александар Видиновски, шират говор на омраза, ксенофобија, предизвикуваат национална нетрпеливост и упатуваат закани за неговиот живот по објавата на неговото видео за непрописно паркираните возила пред бугарската амбасада.

Цитираме само некои од заканите за кои принтскринови има во прилог на оваа реакција: „Асномски ко*илиња“, „Македонија е наша, што сакаме ќе правиме.“ „Смрт за вас“.

Се работи на најдиректни закани кон новинарот и уредник во „Канал 5“, Александар Видиновски, кои преставуваат закани кон службено лице во согласност со Кривичниот законик.

Освен директните закани кон новинарот и уредник во ТВ „Канал 5“ (службено лице) Александар Видиновски, лицата со име и презиме се закануваат и кон македонскиот народ, како и со воено уривање на уставниот поредок на Република Северна Македонија.

Ваквите закани се директен притисок врз уставно загарантирана слобода на говор да не се известува за прекршувања на позитивните законски прописи во Македонија, дури и од странски дипломатско-конзуларни преставништва и преставници.

Со ваквите закани и притисокот, освен во форма на закани за животот, постои и закана за новинарите воопшто и влијание врз целокупната слобода на говорот, а не само притисок врз конкретен новинар и медиум.

МАН, Македонска асоцијација на новинари

Фото: Принтскрин