Во врска со информацијата од АНБ дека во време на власта на СДСМ и ДУИ се следени и прислушувани лидерот на тогашната опозиција Христијан Мицкоски, други политичари, новинари, обвинител, бизнисмени и други јавни личности, за Македонската асоцијација на новинари (МАН) не е изненандување, туку само потврден факт на она што сме го знаеле, а АНБ успеала да обезбеди докази.

Власт која ги добила функциите со објавување туѓи прислушувани разговори кои им ги обезбедил нивни поранешен полициски функционер Зоран Верушевски, а никој не ги спречил таквите прислушувани разговори јавно да ги објавуваат и употребуваат за свои политички цели, јасно е дека таа и таква власт ќе продолжи со незаконско прислушување и следење.

Кога тогашниот јавен (државен) обвинител Марко Зврлевски објави соопштение со барање до медиумите, до СДСМ и ДУИ да не ги објавуваат разговорите, бидејќи е спротивно на закон, дел од јавноста, особено медиумите и интернет ботовите под контрола на СДСМ и ДУИ ги кршеа законите и објавуваа телефонски рзговори и на новинари.

Оттука натаму, сите правила, сите етички норми и сите закони во врска со прислушувањето и следењето станаа прифатливи за СДСМ, за ДУИ, нивните медиуми и нивните симпатизери.

По се изгледа дојден е денот да се стави точка и крај на тоа зло на СДСМ, ДУИ, нивните медиуми и нивните интернет ботови да користат туѓи телефонски разговори и приватност за свои политички и комерцијални цели.

И кога СДСМ и ДУИ беа на власт пишувавме дека АНБ и другите полициски структури следат и прислушуваат.

Сигурни сме дека ова што АНБ првично го објави не е се, бидејќи и ние знаеме, а и тие знаат дека во АНБ сеуште има структури на СДСМ и ДУИ кои учествувале во ова, дека пред промена на власта се вршени уништувања на документација и траги и докази во АНБ за кои веројатно јавноста допрва ќе биде известена.

Не сме изненадени од првичните информации на АНБ, но ќе бидеме изненадени ако ова Обвинителство и ова судство ни покаже обвиненија и пресуди за сторителите.

Да ги потсетиме во Обвинителството и судот дека после повеќе од 5 години се уште немаме извештаи и разрешница за прислушување на интерните телефони во ЈО и разговори на обвинителите, како и прислушување на судии.

Материјали кои се користени за уцени на обвинители и судии да постапуваат за потреби на власта на СДСМ и ДУИ“, соопштија од Македонската асоцијација на новинари (МАН) во врска со информациите за последниот скандал со прислушување политичари, бизнисмени, новинари, обвинител и други јавни личности.