Левица и Димитар Апасиев се левичари од Али експрес. Им се распрсна како меур од сапуница тезата дека се левичари во истиот момент кога купија 409 м2 деловен простор во центарот на Скопје од банка, преку извршител, изјави Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Левица и Апасиев сега се радуваат на имот кој присилно му е одземен на претходниот сопственик кој не можел да ги сервисира долговите, а до пред само неколку дена се бунтуваа против извршителите.

Ништо повеќе што ќе каже Димитар Апасиев не држи вода. Неговата политичка парадигма се покажа како гол популизам, втемелен на манипулации и злоупотреба на чувствата на граѓаните.

Сите можат да видат дека битката на Апасиев била за нови дуќани, џипови и луксузи.

Тоа што за обичниот граѓанин не е возможно, за Апасиев е можно“, потенцира Валентин Манасиевски.