СДС под водство на Венко Филипче покажа само една работа – дека секогаш може да се оди подолу, дека дното е се подлабоко и подлабоко, истакна на денешната прес-конференција членот на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, Валентин Манасиевски од која објавуваме интегрален текст:

Филипче е како жив песок, само ја влече надолу партијата. Ова се виде во овој последен период во кој никој жив не му прифаќаше да биде кандидат за ниту една општина, посебно за Скопје каде никој не сакаше да излезе на трката избори за градоначалник на Скопје, па по низа истакнати имиња кои очигледно сам си ги вадеше од глава мораше да излезе со Каја Шукова или таа да биде жртвата.

Многу е очигледно и очекувано ова кога партијата ја води човек кој има само криминална заднина и кој е поставен на функција прв човек на партијата исклучиво за да му го чува местото на Зоран Заев.

Оттука резултат на ова е ситнење на СДС и секако катастрофална кадровска политика.

Филипче не успева никако да излезе од филмот на Заев во која му е доделена запрепастувачки лоша улога. Улога која го доведе во ситуација да не му остане човек, да мора да предлага или криминални или крајно безлични и неспосбни ликови за претстојните локални избори.

Па така замислете за кандидат за град Скопје, кандидат кој треба да го менаџира главниот град ја предложи по долги, а веројатно и мачни за него денови во кои го одбиваше секој жив за да излезе на трката за оваа функција, поранешната министерка за животна средина Каја Шукова.

Шукова од стартот на оваа поранешна функција го имаше печатот на Заев. Шукова која не направи ништо за животната средина, за почист воздух, за управување со отпад и слично. Шукова која во својот министерски мандат од февруари 2023 година само излегуваше во јавност и како да се имаше снимено само повторуваше треба многу време да решиме било кој проблем со животната средина.

Ако Шукова ништо не направи како министер за животна средина се поставува прашањето што може да направи како градоначалник на Скопје, посебно вакво Скопје речиси уништено од Данела Арсовска која со право може да се нарече само кума на градскиот хаос.

Кандидатката за Скопје, Шукова, а воедно и сите досега предложени кандидати на Филипче и СДС се само потврда на тврдењата дека сите тие ќе ја трчаат трката која не е неизвесна туку води до сигурен пораз.“