Трагедијата во модуларната болница во Тетово, во која згаснаа 14 животи, можела да биде спречена ако Филипче бил чесен и доколку не го интересирале провизии, анекси и тендери, се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, а го објавуваме интегрално.
Трагедијата би била спречена доколку Филипче имал подготвено елаборат за електрична енергија, но и доколку техничката спецификација била како што треба, а ја прави одговорното лице назначено токму од Венко Филипче, по негова насока, каде што подоцна се констатира дека не е во согласност со ниеден стандард за изградба на објекти од областа на здравството. Не се почитувале Законот за градењето и Законот за здравственатадејност. Дополнително, не се почитувале ниту минималните технички стандарди за заштита од пожари и експлозии.
Филипче и Заев си го сменија и Законот за градењето за модуларните болници да ги стават во категоријата урбана опрема и на овој начин да ги заобиколат контролите. Згора на сè, биле потрошени 300.000 евра од вкупно 30 милиони. Или 1 отсто од 100 %. Каде отишле преостанатите 99 % од парите – нема одговор.
Да потсетиме, за оваа трагедија осудени беа периферни ликови, а Филипче, кој е единствениот потписник на модуларните болници, не е повикан ниту на информативен разговор од надлежните органи.
Истовремено, во време на Филипче сведочевме на обиди за набавки на вакцини од фирма што продава манго и ананас, сведочевме на давање физиолошки раствори наместо хемотерапија на Онкологија. Сведочевме и на милионски тендери во здравството за кои до денес нема јасни одговори, кој профитирал и каде завршиле парите на граѓаните?
Почитувани граѓани, Филипче е симбол на систем во кој политиката е над законот, а партиските интереси пред животите на граѓаните. Оние што треба да го гонат – шуруваат со него. Ова говори за потчинетоста на мала група судии и обвинители кон Филипче и неговиот ментор Заев.
Ние нема да дозволиме вистината да се забошоти. Ќе бараме целосна истрага и одговорност за секој што придонел за оваа трагедија и за сите сомнителни зделки во здравството.




