Еднонеделната прошетка во Дубаи на Филипче заедно со неговиот ментор Заев, вчера заврши, рече на денешната прес-конференција Валентин Манасиевски од ВМРО-ДПМНЕ.

-Филипче се врати од песочните плажи во Дубаи на коишто уживаше со Заев и тераше бизниси и се јави на прес-конференција, но не одговори на прашањата кои му ги поставивме. Денес повторно го прашуваме Филипче. Каде беше тој изминатава недела? Од каде му е златната виза за Дубаи? Дали има бизнис со Заев во Дубаи? Дали има нострифицирана диплома или можеби над 500 илјади долари? Во однос на модуларната болница, дали Филипче е задоволен од пресудата? Како ги коментира смешните пресуди од 1,5 година на екс директорите? Дали судиите кои ја донесоа пресудата, станале судии со негов амин? Дали Филипче е изземен од случајот? Дали Филипче е заштитен? Дали тоа што Филипче беше министер го штити и ги пушти низ вода двајцата екс директори? Дали Филипче имал влијаено на пресудата? Праша Манасиевски.

Почитувани, Филипче е обичен лажго и манипулатор. Него не го интересираат граѓаните, туку бизнисот и профитите. Филипче молчи и се крие кога ќе биде повикан во јавност. Филипче доста е молк. Време е за одговори, додава Манасиевски.