За да остане на фотелјата, Филипче избра СДС да биде прокси-партија по насока на Заев и Башановиќ. Чуварот на фотелјата на Заев, Венко Филипче, ја фрла СДС во бунар без дно слушајќи ги советите на екссоветникот на Заев во владата, Башановиќ, и неговиот партнер Шчекиќ, истакна на прес-конференција Валентин Манасиевски, член на ЦК на ВМРО-ДПМНЕ, што МИА ја пренесува интегрално.
Молкот за средбите на Филипче во Ниш и во Грција со Башановиќ и Шчекиќ е чист доказ дека Заев му ги средува и ден-денес работите, само за да му ја чува фотелјата, и тој да управува со него.
Без двоумење, Филипче, за да си ја спаси својата политичка кариера каква-таква, безусловно ги слуша наредбите на Башановиќ и Шчекиќ и ги презентира во јавноста.
Лажни вести, манипулации и клевети се трите основни постулати на кои се води ПР-тимот на СДС предводен од Башановиќ.
Од некогаш големиот СДС, Заев со Ковачевски и Филипче, со нивните лоши политики, успеа партијата да ја тоне, без да може некој да ја спаси.




