СДС и Филипче промовираат антидржавна политика по насока на куќниот пријател на Зоран Заев, Башановиќ. СДС, од некогаш државотворна партија, стана прокси-партија благодарение на Филипче, Заев и Башановиќ. Коленичењето пред одредени наши соседи и уважувањето на нивните барања е политика која е антидржавна, а таа е во статутот на СДС – се вели во соопштението од ВМРО-ДПМНЕ, во кое се пренесува прес-конференцијата на Валентин Манасиевски, член на ЦК на партијата, а МИА го објавува интегрално.
Заев, Филипче и Башановиќ ја промовираат и предаваат оваа политика, која е штетна и за Македонија и за македонскиот народ.
Затоа рејтингот на Филипче и на СДС се брои на прсти, а тие се чудат зошто е тоа така.
Не ја научија лекцијата што народот им ја предаваше и продолжија да дејствуваат антидржавно, а сега и по насока на советникот на Заев, Зоран Башановиќ.




