Општина Демир Хисар во рамки на културните манифестации како избран Град на културата во Македонија за 2018 година, денеска попладне во демирхисарското село Суводол ќе ја одржи манифестацијата „Манастирско поетско ехо“.
Од општина Демир Хисар информираат дека на поетскиот настан ќе биде презентирана поезијата на шеесетина автори од Македонија и ќе се одржи во дворот на манастирот „Успение на Пресвета Богородица“.
– Од поетската душа собрана од цела Македонија ќе извираат стихови за љубов, вера, за надеж… стихови за корени роднокрајни, за патриотизам херојски. Поетските плодови на „Манастирско поетско ехо“ извираат од трите објавени книги, уредувани од претставници на здружението „Висарион“ и литературниот клуб „Изгрев“, информираат општина Демир Хисар, во пресрет на денешниот културен настан.