Манчестер Јунајтед ќе се вклучи во битката за големиот талент на Челси, Калум Хадсон-Одои, кој пред само два дена стана најмладиот дебитант во историјата на англискиот национален тим.
Според „Дејли Мејл“ менаџерот на „црвените ѓаволи“ Оле Гунар Солскјер сака да гопривлече десното крило идното лето. Неговата голема желба за оваа област беше ѕвездата на Борусија Дортмунд, Џејдан Санчо. Последниот сепак засега сака да остане во Германија, па Солскјер се пренасочува кон Хадсон-Одои.
Во моментов, талентот одбива да потпише нов договор со Челзи, а во зима тој беше трансфер цел на Баерн Минхен. Баварците дури и понудија 35 милиони фунти, а самиот играч подаде молба за трансфер. Клубот од „Стемфорд Бриџ“ сепак не подлегна на притисокот и го задржува Хадсон-Одои, чиј договор истекува во 2020 година.
Според „Дејли мејл“, Ливерпул, исто така, ја следи ситуацијата со младата англиска ѕвезда