Манчестер Јунајтед официјално го продаде Маруан Фелаини на Шандонг Лунганг, објавено е на официјалната страница на клубот.
Белгискиот играч од средниот ред оди во Кина на постојан трансфер.
Тој пристигна кај „Црвените Ѓаволи“ во 2013 година и за пет и пол години запиша 177 натпревари за клубот и 22 гола. Тој, исто така, освои четири трофеи – ФА Купот, Комјунити шилд. Лига купот и Лига Европа.
Манчестер Јунајтед на Твитер му се заблагодари и му посака се најдобро на играчот во иднина.