Немања Матиќ, сепак, останува во Манчестер јунајтед. Веста за британските медиуми ја потврди менаџерот на „Црвените ѓавиоли“, Оле Гунар Солсјкер на неколку часа пред дербито со Сити.

Договор, вели Норвежанецот, е постигнат, останува уште параф од српскиот репрезентативец на новата двегодишна соработка.

– Останува овде. Постигнавме договор со него и ќе биде наш играч и во наредниот период, изјави Солскјер.

Матиќ во есенскиот дел не се изнаигра за Манчестер јунајтед. Причина беа повредите, но и фактот дека нема потпишано нов договор. И самиот во декември порача дека Јунајтед има предност во плановите за неговата натамошна кариера.