Проблемите со повредените играчи на Манчестер Јунајтед продолжуваат да се натрупуваат. Друг играч кој влегува во амбулантата на тимот е Џеси Лингард.
Дваесет и шест-годишниот Англичанец влезе во игра како замена на мечот со АЗ Алкмар (0-0) во Лигата на Европа, но набргу потоа сигнализираше дека е повреден и не може да продолжи, со што им се наметна на „црвените ѓаволи“ да го доиграат мечот со 10 лица на теренот.
Ова е уште еден проблем за менаџерот Оле Гунар Солскјер, кој не може да смета на Антони Марсијал и Пол Погба.
„Црвените ѓаволи“ се соочуваат со сериозни проблеми во првите редови уште од почетокот на сезоната. Друг пример за ова беше средбата со АЗ Алкмар, во која тимот не успеа да упати ниту еден прецизен удар.