Манчестер јунајтед има намера да го задржи напаѓачот Единсон Кавани во своите редови и по истекот на актуелниот договор.
Според „Сан“, Јунајтед на 34-годишниот Уругваец му нудат нов договор со плата од 250 илјади фунти неделно. Сегашниот договор на фудбалер важи до крајот на сезоната 2020/21.
Кавани се приклучи на Манчестер јунајтед во октомври 2020 година како слободен играч.
Оваа сезона, напаѓачот има одиграно 34 натпревари за тимот, постигнато 14 голови и остварени пет асистенции.