Манчестер јунајтед синоќа го победи Кристал Палас во натпреварот од 28. коло на англиското фудбалско првенство. За „црвените ѓаволи“ ова беше осма победа по ред на гостински терен во сите натпреварувања што е нов клупски рекорд.
Извонредната серија на Јунајтед доаѓа под водство на Оле Гунар Солскјер кој го презема тимот во декември од Жозе Мурињо.
Норвежанецот во Премиер лигата го предводеше Манчестер на 11 натпревари и не изгуби ниту еднаш (9 победи и 2 нерешени).