Манчестер јунајтед нема намера да го продаде дефанзивецот Крис Смолинг на Рома, пренесува „Скај спортс“. Клубот од Рим би сакал да го добие фудбалерот кој игра на позајмица.
Се претпоставува дека 29-годишниот Англичанец ќе се врати во составот на Јунајтед на крајот на сезоната.
Самиот играч, кој за Рома настапува како позајмен, би сакал да остане во Италија. Минатото лето, римски клуб го изнајми Смилинг од Манчестер јунајтед за три милиони евра.
Оваа сезона дефанзивецот има пет натпревари во Серија А.