Иако имаат уште две години договор со тренерот Пеп Гвардиола, во Манчестер сити почнаа да подготвуваат терен за негово заминување.
Клубот го ангажираше Џовани Ван Бронкхорст на кого му е даден пристап до сите содржини и тоа во англиските медиуми се толкува како подготовка за негово ангажирање како тренер на тимот кога ќе си оди Гвардиола.
Некогашниот холандски репрезентативец, Ван Бронкхорст има 44 години и почна да работи како тренер, а на крајот на минатата сезона се раздели со Феенорд. Тој добро се познава со некои луѓе од управата на Сити, бидејќи со нив соработуваше додека играше за Барселона.
Гвардиола засега не ни помислува да си оди од англискиот првак, но исто така не спомнува дека има желба да го продолжи договорот кој му истекува летото 2021.