Менаџерот на Манчестер Сити, Пеп Гвардиола застана во одбрана на напаѓачот Серхио Агуеро за неговото однесување кон судијката во победата над Арсенал од 1:0. Аргентинецот влезе во дијалог со судијката за една топка, која беше досудена во корист на „топџиите“.
По разговорот, тој испружи рака и ја фати за рамото. Таа му ја оттурна раката. Инцидентот предизвика многу реакции, при што многумина сметаа дека Агуеро нема право да се однесува на таков начин.
– Барајте сензација во други епизоди, но не и во оваа. Кун е најдобрата личност што сум ја сретнал во мојот живот, рече Гвардиола.