Капитенот на Манчестер Сити, Венсан Компани, го напушта англискиот шампион. Ова го објави клубот со посебна порака на официјалната веб-страница на „граѓаните“.
Од соопштението станува јасно дека разделбата меѓу двете страни е на барање на дефанзивецот.
Компани беше дел од тимот на „граѓаните“ цели 11 години, освојувајќи четири титули, две ФА Купа, четири Лига Купа и два „Комјунити шилд“ трофеи. Белгискиот репрезентативец одигра 360 натпревари за Сити, во кои постигна 20 гола.
„Без оглед колку е тешко за мене, време е да си заминам. По каква сезона се повлекувам само! Јас не чувствувам ништо друго освен благодарност. Благодарен сум на сите оние кои ме поддржаа на ова посебно патување во овој многу посебен клуб. Се сеќавам на првиот ден јасно, како на последниот. Се сеќавам на безграничната добрина, што ја добив од луѓето од Манчестер. Никогаш нема да заборавам како сите обожаватели на Сити останаа лојални кон мене во добрите, и особено во лошите времиња. Против сите предвидувања, секогаш ме подржуваа и ме инспирираа никогаш да не се предавам. Шеикот Мансур го промени мојот живот, како и животот на сите обожаватели на Сити во целиот свет. За тоа, јас ќе бидам благодарен засекогаш“, сподели Белгиецот на официјалниот сајт на Сити.
Се очекува Компани наскоро да објави што планира во иднина.вз