Селекторот на италијанската фудбалска репрезентација, Роберто Манчини зборуваше за евентуалното одложување на Еуро 2020 заради коронавирусот.
– Играчите мора да останат дома. Тие се професионалци и знаат што да прават. Доколку првенството продолжи, тие ќе имаат 10-14 дена за тренинзи. Треба да почекаме до вторник за да дознаеме дали УЕФА ќе одлучи да го одложи евро-шампионатот, изјави Манчини.
Проблемите со кои се соочи Италија во изминатите 15 дена сега ќе се манифестираат и во други земји. Не знам како ќе заврши. Но, нема сомнение дека во овој период има многу поважни работи од Евро 2020. Ако турнирот се одложи, тогаш можеме да победиме и по една година. Здравјето на луѓето е најважно, а потоа можеме да се вратиме на стадионите и да уживаме, додаде селекторот на Италија.
Евро 2020 треба да се одржи од 12 јуни до 12 јули во 12 градови ширум континентот.