„Полничката манекенка“ Амелија Стабс реагираше на невкусен коментар од модна критичарка на сметка на нејзината тежина. Имено, се почнало со промовирачка порака која како готова, нејзината агентка Џејди Хопвуд ја пратила до луѓе кои би можеле да бидат заинтересирани и која стигнала и до Твитер профилот на Џејн Емери, уредничка во модното списание „Ел-еј`с Плејс“.
– 3ошто ги користите овие три дебели жени, вон форма, за свои модели? Прекинете со спамот, гласела реакцијата на Емери по пораката.
Хопвуд не реагирала на тоа, туку и ја покажала пораката на Стабс. Таа е таа што изреагирала бурно, со повратна Твитер објава од 20-на реда.
– Бесна сум поради овој коментар од некој што е „уредник на списание“ и што ја има можноста да чини позитивни продори наместо предрасуди, што пак, е тотално несоодветно, вели навредената Стабс.
Емери потоа се извини за испадот објаснувајќи дека пораката ја напишал нејзин вработен.