Околу 200 луѓе денеска во Белград, Ниш, Нови Сад, учествуваа на манифестацијата „Бесмртен полк“ по повод одбележувањето на советската победа над нацистите во 1945 година, носејќи руски знамиња, на кои беше порачано дека „Србија и Русија отсекогаш биле на вистинската страна на историјата”, јави дописникот на МИА од Белград.
На прошетката во Белград учествуваше и рускиот амбасадор во Србија, Душан Бајатовиќ од Социјалистичката партија на Србија (СПС), како и министерот без ресор во Владата на Србија, Ненад Поповиќ.
-Србија и Русија отсекогаш биле на вистинската страна на историјата, изјави Поповиќ кој додаде дека на денешен ден, 9 мај, во Втората светска војна во 1945 година, Германија капитулирала и дека „се сеќаваме на најголемата победа во 20 век“.
На чело на колоната стоеше голем транспарент „Бесмртен полк Белград“ и картонска фигура на рускиот претседател Владимир Путин, како и голема латинска буква „З“.
Како што беше објаснето, голем дел од насобраните носеа слики од нивните предци загинати во Втората светска војна, за кои е наменет овој настан, како и голема тробојка која е истоветна и за Србија и за Русија.
Денот на победата во Србија е национален празник, но се слави работно, а над градовите во Србија летаа авионите на Војската на Србија.