Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) е подготвена и има капацитет заедно со универзитетските професори и научната заедница за изработка на заедничка стратегија за развој на Македонија до 2050 година.
Највисоката научна институција во Македонија со отворени раце ја прифати и во целост ја поддржува заложбата на претседателот на Владата, Хрстијан Мицкоски да се изработи документ во кој ќе се дефинираат приоритетите за развој на државата во следните 25 година. Претседателот на МАНУ, Живко Попов вели дека токму тоа е и основната цел на институцијата што ја води, објави Алфа.
– Секако, Македонската академија на науките и уметности го поздравува и поддржува предлогот на претседателот на Владата, проф. д-р Христијан Мицкоски за избработка на заедничка стратегија за развој на државата до 2050 година. Впрочем, тоа е дел од нејзината основна дејност, да изработува стратегии за најважните области по кои треба да се движи државата како што се образованието, науката, економијата, владеењето на правото, здравствениот систем, земјоделието, енергетиката, пензискиот систем и друго – вели претседателот Живко Попов во изјава за Алфа.
Премиерот Мицкоски предлага стратегијата да вклучува долгорочни цели во контекст на демографските, економските и технолошките предизвици, како и развојот на енергетиката и транспортот. По дефинирањето на контурите на проектот, Владата ќе бара широк партиски консензус.