Поранешниот аргентински фудбалски ас и тренер, Диего Марадона примен е во болница во Буенос Аирес поради внатрешно крварење во стомакот.
Марадона (58) имал рутински прегледи во Аргентина пред враќање во Мексико каде е тренер на второлигашот Дорадос де Синалоа, кога му бил откриен проблемот. Ендоскопија ќе му биде извршена во клиниката Оливос на периферија на Буенос Аирес, објави аргентинскиот спортски весник Оле.
Марадона играше за Бока Јуниорс, Наполи и Барселона и ја предводеше Аргентина до титулата светски првак во 1986 година. Болницата не соопшти детали за сериозноста на здравствениот проблем на Марадона.