Аргентинската легенда Диего Марадона може да ја продолжи својата тренерска кариера во белорускиот клуб Динамо Брест, објавија локалните медиуми, кои го цитираат фудбалскиот агент Стефано Сеси. Вчера стана јасно дека Марадона разгледува предлози од Динамо и од клубови од Саудиска Арабија и Кувајт.
Сеси и адвокатот на Марадона во понеделникот се сретнале со претставници на Динамо Брест во Дубаи, каде што во моментов е и самиот Марадона. Тој во принцип се согласил да го преземе клубот по Светското првенство во Русија. Марадона може да го замени чешкиот тренер Радослав Латал во Динамо Брест.
На Мундијалот, Марадона ќе коментира како експерт за венецуелската државна телевизија Телесур.
Аргентинецот беше тренер на клубот од ОАЕ Ал Фуџаира и го напушти тимот, откако не успеа да го внесе во елитната дивизија на локалниот шампионат.