Легендарниот аргентински фудбалер кој сега работи како тренер во втора лига во Мексико, Диего Марадона му се закануваше со смрт на судијата по првиот пораз на Дорадос.
Тимот на Марадона го претрпе првиот пораз по неговото доаѓање и тоа не можеше да го поднесе контроверзниот Аргентинец.
Марадона смета дека судијата е главен виновник за загубениот меч и затоа по завршувањето на натпреварот тргна кон него физички да се пресметува заканувајќи му се со смрт.
Најголема замерка поранешниот најдобар светски фудбалер има за наводно недосуден пенал за неговиот тим во првото полувреме од дуелот со Алабриес.