Британскиот тенисер Енди Мареј ќе го пропушти првиот Гренд-слем турнир за 2020-та -Австралија опен, соопштија организаторите на турнирот.

Причината е повреда што го мачи тенисерот.

– Работев многу за да продолжам да играм на високо ниво и многу сум тажен што ќе го пропуштам турнирот во Австралија во јануари. По последното издание на турнирот не бев убеден дека ќе можам да играм, но очекував враќање во Австралија, за да покажам дека сè уште можам да играм класа тенис, па сега сум прилично вознемирен. За жал, неодамна добив нови здравствени проблеми и морам да ги средам пред да се вратам на теренот, изјави тенисерот.