Мареј се повлече од четвртфиналето во Вашингтон, нема да настапи и на Роџерс купот

/ 04.08.2018

Поранешниот прв тенисер во светот Енди Мареј му го предаде мечот од четвртфиналето на турнирот во Вашингтон на австралискиот тенисер Алекс де Минаур.

Тој воедно соопшти дека нема да настапи и на Роџерс купот во Торонто.

Мареј ја донесе оваа одлука поради исцрпеност од претходниот дуел против романскиот тенисер Мариус Копил, кога и покрај победата, емотивно и низ солзи најави дека не се чувствува добро и не знае дали ќе настапи во следното коло на турнирот.

– Морав да направам добра проценка во врска со одморот и закрепнувањето. Планирам следниот турнир да ми биде во Синсинати. Ја ценам поддршката во Вашингтон и беше одлично што се вратив тука, истакна британскиот тенисер по повлекувањето од четвртфиналето.

За Мареј ова беше само трет турнир по операцијата на колкот во јануари годинава, а во Вашингтон првпат по паузата успеа да оствари три победи во низа.


Од истата категорија