Актерката Марго Роби открила дека една сцена од филмот „Wolf of Wall Street” ѝ била особено непријатна.
Станува збор за сцената каде таа го заведува својот филмски сопруг, Леонардо ди Каприо, во детската соба, а потоа тие завршуваат во кревет. Но, интимната сцена не била толку интимна колку што им се чинело на гледачите.
“Не ти паѓа напамет тоа кога го гледаш филмот, но во таа малечка соба беа напикани триесет луѓе. Сите беа мажи. 17 часа морав да се преправам дека се допирам, беше многу чудно. Морав да ја проголтам непријатноста и апсурдот за потполно да ѝ се посветам на сцената”, раскажала актерката.
Роби во истото интервју признала дека пред движењето “MeToo” не знаела што се’ спаѓа во сексуално злоставување.