Марго Роби за првпат се појави во јавноста откако беше откриено дека е бремена, а актерката присуствуваше на натпревар на Вимблдон со сопругот Том Акерли со кој постојано разменувала нежности.
За оваа специјална пригода, актерката се одлучила за тренди фустан со точки, со лев ракав кој потсетувал на марама и асиметрично здолниште кое било доволно широко за Роби да се чувствува пријатно дури и на многу топлиот ден каков што вчера бил во Лондон.
Фустанот го надополнила со црно-бела чанта и пар црни сандали, како и правоаголни очила за сонце, а косата ја пуштила да ѝ паѓа во благи кадрици преку рамената.
Сите со задоволство гледале во нејзиниот пресладок труднички стомак кој се наѕирал под прекрасниот фустан.
За време на натпреварот парот разменувал нежности и се бакнувал, а сите забележале дека славната Барби изгледа многу среќно и дека постојано е насмеана покрај својот избраник.