Маргот Роби моментно важи за една од најбараните и најпопуларни актерки во Холивуд.
Само дел од продукциите во кои имавме можност да ја гледаме се „Волкот од Волстрит“, „Облогот на векот“, „Легендата за Тарзан“, „Беше еднаш во Холивуд“, „Вавилон“ и други, а најмногу внимание привлече филмот „Барби“, во кој Марго ја имаше главната улога.
Иако е на врвот на популарноста, таа неодамна ги изненади сите со изјавата дека планира да се повлече од актерството на одредено време за да не се добие впечаток дека „излегува од фрижидер“.
„Мислам дека на сите веројатно им е лошо да ме гледаат во моментот. Можеби треба да се тргнам од екранот некое време. Искрено, ако снимам друг филм прерано, луѓето би рекле: „Повторно таа? Цело лето ја гледавме, не сакаме повеќе“. Не знам кој е мојот следен потег“, изјави таа за „Дедлајн“.
Сепак, вели дека има голема желба да режира свој филм.
„Навистина сакам да режирам. Последните седум години чувствувам дека сакам да режирам. Но, тоа секогаш го гледав како привилегија, а не како право“, истакна Марго и додаде:
„Полека работев на чувството дека заслужувам да режирам. Тешко е затоа што имав среќа да работам и да учам од толку многу големи режисери. Честопати, кога ќе ми дојде некој проект, си помислувам: „Зарем не би било одлично да глумам во него само за да видам како го режираат“, изјави искрено актерката.
„Не брзам бидејќи чувствувам дека никогаш нема да има доволно време да ги научам сите работи што сакам да ги научам пред да се одлучам на тој чекор, но, дефинитивно, сакам да го направам тоа“, заклучи Марго Роби.