Актерката Маргот Роби вели дека не е вознемирена што оваа година не била номинирана за Оскар за најдобра актерка.
Таа зборувала за нејзините чувства во врска со споменатата ситуација во дискусијата SAG-AFTRA заедно со нејзините колеги.
„Нема шанси да се чувствувате тажно кога знаете дека сте вака благословени“, рече Роби, пред да го изрази своето разочарување што Грета Гервиг, која го режираше „Барби“, не беше номинирана за најдобар режисер.
„Очигледно, мислам дека Грета треба да биде номинирана за режисер. Она што таа го направи е нешто што се случува еднаш во кариерата, еднаш во животот“, рече Роби, пренесува NME.
„Барби“ заработи осум номинации за Оскар, вклучувајќи најдобар филм, најдобро адаптирано сценарио, најдобра споредна машка улога (Рајан Гослинг) и најдобра споредна женска улога (Америка Ферара).