Одлуката на САД да не воведуваат санкции за операторот на проектот „Северен поток 2“ ги зголемува шансите да се забрза изградбата на гасоводот и неговото пуштање во употреба, изјави Дмитриј Мариченко, висок директор на групата за природни ресурси и суровини во меѓународната агенција за рејтинг „Фич“.

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен вчера потврди дека САД нема да воведат санкции против „Северен поток 2 АГ“ и извршниот директор на компанијата Матијас Варниг. Според Блинкен, оваа одлука е во согласност со американските национални интереси. Санкции ќе бидат воведени за четири руски бродови и пет организации, како и за едно физичко лице поврзано со изградбата на гасоводот.

Маринченко смета дека во моментов е тешко да се наведат конкретни рокови за завршување на изградбата, бидејќи станува збор за укинување на само дел од санкциите.

– Но, во секој случај, отстранувањето дури и на некои од нив е позитивна вест и ги зголемува шансите гасоводот да биде завршен и пуштен во употреба во рок од неколку месеци, т.е. до крајот на годината, додаде тој.