ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме на обврските ако сакаме брз напредок во пристапните преговори, порача вицепремиерот Маричиќ по средбата на македонската делегација, предводена од премиерот Ковачевски и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Маричиќ на својот Фејсбук профил напиша дека имале значаен и отворен разговор со Шарл Мишел, низ кој било потврдено дека интеграцијата на Западен Балкан за Европската Унија е важна и дека тоа останува нејзин стратешки приоритет.
– Наша обврска е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива. Целта ни е да продолжиме со преговорите и да успееме, со обединетост и одговорен пристап кон спроведување на реформите и задачите кои ги имаме на патот до ЕУ, вели Маричиќ.
„ЕУ перспективата е сè поизвесна, да се фокусираме на обврските ако сакаме брз напредок во пристапните преговори.
Пред почетокот на Бледскиот стратешки форум со претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, имавме многу отворен и значаен разговор.
За Европската Унија важна е интеграцијата на Западен Балкан и тоа останува нејзин стратешки приоритет, наша обврска е да ја искористиме позитивната атмосфера и во пресрет на европските избори да ја загарантираме нашата европска перспектива.
Целта ни е да продолжиме со преговорите и да успееме, со обединетост и одговорен пристап кон спроведување на реформите и задачите кои ги имаме на патот до ЕУ.
Веќе направивме напредок во евроинтеграциите и ја интензивиравме соработката со ЕУ, кои во Северна Македонија гледаат кредибилен партнер и држава која треба да биде дел од европското семејство.
Континуираниот дијалог со претставниците на ЕУ дава добар сигнал и порака дека ова е можност да изградиме заедничка европска иднина“ – напиша вицепремиерот на ФБ.