Вицепремиерот за европски прашања е убеден дека ќе има мнозинство во Собранието кое ќе ги изгласа уставните измени кои се неопходни за почетокот на пристапните преговори со ЕУ. Тој во вечерашната Топ Тема, вели дека во наредните недели се очекува иницијативата за уставните измени да влезе во собраниска процедура каде ќе продолжи дискусијата, а дотогаш на секој пратеник ќе му се објаснува за важноста од прифаќањето и последиците од неприфаќањето на оваа инцијатива.
Убеден сум дека ќе дојдеме до две третини. Доколку не дојдеме, тоа значи дека сами сме си поставиле блокада и дека сме сопреле на патот. Ќе заврши скринингот, ќе се поздравиме, Албанија ќе продолжи, вели Маричиќ во интервјуто во Топ Тема.