Министерот за правда Бојан Маричиќ во гостувањето во „Студио 10“, ја коментираше екстрадицијата и притоа напомена дека нашата земја има основа да побара од Унгарија екстрадиција на експремиерот Никола Груевски.

-За него има основа да го бараме. Од Будимпешта добиваме информација дека не планираат да го екстрадираат сега за сега затоа што има политички азил од унгарската влада, кажа министерот за правда.

Маричиќ зборуваше и за пописот и смета дека до крајот на следната недела успешно ќе финишира попишувањето на населението.